ДЕЛЕГАЦИЈА НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ВО ВОЗВРАТНА ПОСЕТА НА ЧЕРНОМЕЉ – Р. СЛОВЕНИЈА Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

  Делегација на општина Неготино предводена од градоначалникот Пане Трајков, а во чиј состав беа претставници на локалната администрација, членови на Советот на општината, претставници на бизнис-секторот и играорци од КУД ,, Јане Сандански ,,  престојуваше во четиридневна возвратна посета на општина Чрномељ – Република Словенија со која од неодамна нашата општина има воспоставено одлична меѓуопштинска соработка.

 Работниот дел од средбата започна со турнеја низ градот – домаќин и присуство на изложба со која беше отворен настанот, а се изврши посета и на Апостолскиот центар, Црквата ,, Светиот дух ,, Шпелиќевата и Малериќ куќата, се дегустираа вина во подрумот Черномељски винари, по што се одржа и церемонијата на отворањето на 47-иот фестивал ,, Јурјевање Бела Краина ,,
     Согласно изготвениот протокол од страна на домаќините за присутните градоначалници, првиот човек на општина Неготино Трајков оствари работна средба со амбасадорот на Република Чешка и на Република Македонија во Словенија, присуствуваше на отворањето на изложбата ,, Чешка напред ,, а зеде и активно учество во разговорите водени со двајцата амбасадори.
     Во рамките на престојот во општина Черномељ, делегацијата на општина Неготино беше во посета на планинарскиот дом на планината Мирна Гора и која посета беше искористена за панорамско разгледување на Бела Краина од разгледната кула, а одржаа средба и разменија искуства со членовите на тамошното планинарско друштво.
     Престојот пак во Адлешиче, нашите претставници го искористија за следење на презентацијата извршена од страна на домаќините за значењето на една стара Краинска куќа која е претворена во етнолошки Музеј, а во Жуничкиот двор одржаа работна средба со претставниците на тамошното Здружение на пчелари чии претставници беа присутни во Неготино за време посетата од претставници на општина Черномељ.
     Посетата на Словенија неготинската делегација, меѓу другото, ја искористи и за посета, разгледување и запознавање со производствениот процес за изработка на инокс садови за вино на КМС ,, Малерич ,, во Винико, како и посета на мочуриштето како туристичка атракција во Лахиња.