ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈКОВ ВО ПОСЕТА НА АВСТРИЈА И ЧЕШКА Печати
Ниво на корисникот: / 0
НајлошоНајдобро 
   Во организација на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион, а во рамките на спроведувањето на проектот ,, Модернизација на управувањето со отпад во регионот ,, кој е финансиран од страна на ОЕКБ – банка од Австрија , градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков заедно со првите луѓе на општините Велес, Свети Николе, Чашка, Кавадарци, Лозово, Градско, Росоман и Демир Капија оствари студиско патување во Австрија и во Чешка. Станува збор за реализација на проект кој има за цел да го модернизира управувањето со отпад во Вардарскиот регион, а истиот е изработен од АСА од Австрија во соработка со ПОИНТ-про консалтинг од Скопје.
     Според зборовите на градоначалникот Трајков, реализацијата на проектот има за цел, меѓу другото, да се утврди моменталната состојба со управувањето со отпадот во регионот и тоа во делот на утврдување на состојбата во локалните комунални претпријатија, нивната опременост, состојбата со постоечките депонии во регионот, состојбата со количината и составот на присутниот отпад, процентот на наплата на услигите кај населението и слично.
     За време престојот во Австрија и Чешка, градоначалниците од Вардарскиот плански регион реализираа посета на седиштето на АСА – Центар за обработка на комунален и индустриски отпад во Химберг – Австрија, санитарната депонија на АСА во Брно – Чешка, посета на Инсенератор – постројка за согорување на отпад и производство на топлинска и електрична енергија во Цистерздорф – Австрија, а беше извршена и посета на Центарот за прибирање, селекција и обработка на отпад во Виена кој делува во рамките на Јавното комунално претпријатие на Виена кое врши прибирање, селектирање, обработка, компостирање, согорување во инсенератор и одлагање на отпадот на санитарна депонија. Градоначалниците ја посетиле и фабриката М.У.Т. во Штоекрау – Австрија за надградба на комунални возила за собирање и транспорт на отпад, за чистење и перење на улици, како и за чистење и третман на канализациони мрежи.
     Проект – студијата за модернизација на управувањето со отпад на територијата на Врадрскиот плански регион е во фаза на изработка и се очекува истата да биде готова до крајот на тековнава година.