Реализирана првата од двете претстави со кои општина Неготино го одбележа Светскиот ден на театарот 27 март |
![]() |
![]() “Не шетај гола” е првата од двете претстави со кои општина Неготино во рамките на Програмата за култура, а во соработка со Центаро за култура “Ацо Ѓорчев”, го одбележува Светскиот ден на театарот – 27 март. Инаку, Програмата за култура на општина Неготино покрај повеќе театарски претстави, оваа година вклучува богат спектар на културни настани: концерти, изложби, перформанси, филмски проекции, колонии, итн., со чија реализација општината прави напори да ја доближи културата до граѓаните и да даде силен импулс за нејзин развој како еден од најважните сегменти на општественото живеење во една урбана средина. Втората претстава со наслов “Кара Дончо” е во изведба на народниот театар од Штип и ќе биде изведена во четврток 29 март во Центарот за култура “Ацо Ѓорчев” со почеток од 19 часот. Ова е уште една одлична можност за вљубениците во театарот од Неготино и Тиквешијата да погледнат уште една одлична театарска комедија. |