Проект општинско корисна работа „Развој на постојните и обезбедување на нови иновативни услуги во социјалната сфера во општина Неготино“ Печати
   Од месец јуни до месец ноември 2015 по 4ти пат општина Неготино со поддршка на УНДП, АВРМ и МТСП го спроведува проектот Општинско корисна работа .Покрај 7 асистенти на воспитувачи во 7 рурални игрални за деца, со проектот овој пат е опфатен и Центарот за стари лица во с.Тимјаник, каде што исто така за ангажманот на лицето кое работи во Центарот поддршката е обезбедена преку овој проект.Дополнителна платена обука преку УНДП ќе биде обезбедена за ова лица во периодот октомври-декември во учество во обука за негователи за стари лица , по што лицето ќе се стекне и со соодветен сертификат  заради натамошна полесна вработливост на пазарот на трудот.
Во 7те игрални за деца во месец октомври се одржа втората работилница со родители од планираните 3 и тоа на тема,,Дисциплина,, и ,,Препознавање на семејно насилство,,при што се покажан голем интерес и присуство од страна на родителите на децата.