Седница на Совет на општина Неготино 30.04.2019 година Print
There are no translations available.

Врз основа на чл.  2 од Законот за локална самоуправа  (Сл.весник на РМ бр.5/02), член  76 од Статутот на општина Неготино  (,, Сл.гласник на општина Неготино  брr.3/06, 2/11, 9/11, 16/12 и 16/14и член  57 став 1 од Деловникот на општина Неготино (,,Сл.гласник на  Општина Неготино “бр.3/06 и 2/11), Претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува    дваесет и петтата    редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во Големата сала на општина Неготино на ден 30.04.2019 година   (вторник ) во  12,00 часот.
За седницата го предлагам следниот
                                                                     Д Н Е В Е Н   Р Е Д

1.    Предлог- Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација  
2.    Предлог –  - Одлука за утврдување на потребата од донесување на урбанистичка планска документација за вклопување на бесправно изградени објекти во урбанистичко планска документација  (Трафостаница)
3.    Предлог- Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година
4.    Предлог- Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година  
5.    Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година
6.    Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година
7.    Предлог- Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на општина Неготино за 2019 година
8.    Предлог- Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за работа на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион во 2018 година
9.    Предлог- Заклучок за усвојување на  Годишниот извештајот за спроведување на Програмата за развој на Вардарскиот плански регион за 2018 година
10.   Предлог- Решение за давање на согласност на Пречистен текст од Статутот на ЈОУДГ ,,Фемо Кулаков,, Неготино   
11.   Предлог- Одлука за отпочнување на активности за ажурирање на Процената на загрозеност на подрачјето на општина Неготино од сите ризици и опасности
12.   Предлог- Решение за формирање на општинскиот штаб за заштита и спасување
13.   Предлог- Одлука за формирање просторни универзални единици во општина Неготино
14.   Предлог- Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Неготино за периодот јануари – март  2019 година.