Ќе се спроведе пробен попис на земјоделството во 3 неготински села Print
User Rating: / 0
PoorBest 
There are no translations available.

    Државниот завод за статистика во периодот од 15 до 30 јуни 2022 година ќе спроведе Пробен попис на земјоделството во избрани населени места по пат на примерок, со тоа што во општина Неготино пописот ќе се спроведе во Долни Дисан, Црвени Брегови и Дуброво. Основната цел на Пробниот попис е да се тестираат методолошките и организациските аспекти на спроведување на главниот попис за земјоделство кој е планиран да се одржи во 2023 година. Методологијата и организацијата на оваа статистичка активност е во согласност со ЕК-регулативата за интегрирани земјоделски статистики и на тој начин ќе се обезбеди продукција на статистички податоци во согласност со европските стандарди. Прибирањето на податоците ќе го направат обучени попишувачи од Државниот завод за статистика со користење таблети во кои е вградена апликација за прибирање податоци.