С О О П Ш Т Е Н И Е Печати
   Се известуваат граѓаните на општина Неготино дека утре среда 27 ноември и на територијата на неготинска општина ќе се реализираат активности од акцијата ,, Ден на дрвото-засади ја својата иднина ,,. Со оваа акција сите ние можеме да дадеме придонес за зачувување на животната средина со единствениот концепт на масовно засадување на дрвја во само еден ден со што би се спротиставиле на климатските промени и загадувањето. Се очекува во акцијата да се вклучат сите заинтересирани граѓани, ученици од основните и средните училишта, невладините организации, од работните организации, а за сите нив е обезбеден организиран превоз со тоа што тргнувањето ќе биде во центарот на градот од пред единаесеткатницата во 9 и во 11 часот, додека учениците ќе тргнуваат од пред училиштата. Пошумувањето ќе се врши на локалитетот Големо брдо во близина на селото Прждево. Пристигнувањето на локацијата за пошумување е во 9,15 часот со преземање на групите од раководителите на локациите со поделба на садници и помошен алат обезбедени од Македонски шуми. Се повикуваат сите граѓани на општина Неготино да земат масовно учество во акцијата и сите заедно да ја засадиме нашата иднина.