С О О П Ш Т Е Н И Е Печати
За организирање на јавна презентација и јавна  анкета Предлог – измена и дополна  на ДУП  за УЗ 5 – дел од блок 1,  КО Неготино, општина Неготино
Граници на опфатот сe:  на север   улица „Владо Арсов Шпанац“,  на исток  улица  „Киро Крстев“, на запад  улица  „8  Ноември “  и на југ улица „Тимјаничка“ .
Опфатот е со површина  од  2,70 ха.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог - измена и дополна  на ДУП  за УЗ 5 – дел од блок 1,  КО Неготино, општина Неготино, со технички број  03-47/15 од  март 2016 година, изработен од  „НИМАЕР“  ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  08.04.2016 година  до 21.04.2016 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 18.04.2016 година  во  11.00 часот во просториите на општина Неготино.