С О О П Ш Т Е Н И Е Печати

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:


С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Измена и дополна на Детален урбанистички план за урбана заедница 5- урбан блок 5.1, Општина Неготино (помеѓу улиците Браќа Миладиновци, „Ида Бенчиќ, 8 Ноември и „Владо Арсов Шпанац)-ОПФАТ 1

Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Владо Арсов Шпанац”, на југ улица Ида Бенчиќ”, на запад улица "Браќа Миладиновци" и на исток, улица ,,8 Ноември".
Опфатот е со површина  од  1,71 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Измена и дополна на Детален урбанистички план за урбана заедница 5- урбан блок 5.1, Општина Неготино (помеѓу улиците Браќа Миладиновци, „Ида Бенчиќ, 8 Ноември и „Владо Арсов Шпанац)-ОПФАТ 1, изработен од  ДООЕЛ „НИМАЕР“  -Струга  д.е. Скопје, со технички број 03-46/15 од февруари 2019 година, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  21.03.2019 година  до 03.04.2019 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 26.03.2019 година  во  13.00 часот во просториите на општина Неготино.

П Л А Н