Барање за добивање Б –интегрирана еколошка дозвола Печати
Согласно член 135 и 136 од Законот за животна средина (Службен весник на Р.М. бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/09, 48/10, 124/10, 51/11, 123/12, 93/13 и 44/15), до Градоначалникот на Општина Неготино доставено е барање                       Б - интегрирана  еколошка  дозвола (број 11-601 од 16.12.2015).
Подносител на барањето
ДПТУ „Вардар Песок“ ДОО Црвени Брегови Неготино 
Адреса
с.Црвени Брегови Неготино
Локација на инсталацијата
с.Црвени Брегови Општина Неготино
Контакт лице
Јовица Ламбев - Управител
Тел/фах 075/665-108
Категорија на инсталацијата
Сепарациона  постројка.
Вид активности
Инсталација за ископ  и сепарирање на минерални суровини (песок и чакал).

 Целокупната документација содржана во барањето и активностите кои ќе бидат спроведени од страна на оваа инсталација за заштита и унапредување на животната средина ќе биде достапна за заинтересираната  јавност од  21.03.2016  до 21.04.2016 година во просториите на Општина Неготино ул. ,,Ацо Аџи Илов“ бр.2 1440 Неготино, секој работен ден од 08-16 часот 3-кат, канцеларија бр.31. Контакт телефон  043/361 – 045, 076/212-094.