Информативни денови во општина Неготино во рамки на проектот „ Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина “ |
![]() |
There are no translations available. ![]() Свои излагања имаа одговорните лица на проектот, Дени Трајков проектен менаџер од Општина Неготино кој даде пресек на проектните активности кои се спроведени во рамки на проектот, а експертот за биодиверзитет и води Ѓоко Зороски даде осврт на заштитата на биодиверзитетот и човековото влијание врз водоснабдувањето со акцент на одржливиот развој и заштеда на водата. На вториот инфо ден ќе биде даден преглед на расположливите водни ресурси во државата, еднаквиот пристап до вода за пиење и преглед на состојбата на системот за водоснабдување во Неготино. Проектот е финансиран во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА) Програма ,, IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – Republic of North Macedonia”. Водечки партнер на проектот e општина Алмопиа, Грција. Општина Неготино е Партнер 2, Партнер 3 е Општинското претпријатие за водовод и канализација на Алмопиа, Грцијa и партнер 4 е ЈП „ Комуналец “, Неготино. ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |