Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

По повод одбележувањето на празникот „ Летен Св. Никола “ денеска градоначалничката на општина Неготино Марија Нацева оствари посета на селото Горни Дисан и на локалната црква која го носи името на овој светец,- ден кога жителите на селото со организиран народен собир го празнуваат „ Летен Св. Никола “ како селска слава.

При непосредните средби со локалното население и директната комуникација, жителите не го криеја задоволството од неодамна завршениот проект за комплетна реконструкција на патниот правец Долни Дисан – Горни Дисан – Вешје во должина од 1.493 метри со што се обезбеди поквалитетна патна поврзаност во Дисанијата, се овозможи полесен и побрз пристап до земјоделските површини и се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

Градоначалничката Нацева на сите жители на Горни Дисан и на општина Неготино им го честита денешниот празник и им посакува истиот да го поминат во весела и релаксирана атмосфера.

Close Search Window