Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија, Урбанизам|

Врз основа на член 27 став 5 и член 50 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20, 111/23 и 171/24), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2024 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино упатува:

Ј А В Е Н    П О В И К

за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за нацрт план – Детален урбанистички план за Урбана единица 7, дел од блок 23 (помеѓу улиците Маршал Тито и регулирано речно корито на ,,Неготинска река”), Oпштина Неготино,

Се известуваат граѓаните, сите заинтересирани правни и физички лица од подрачјето опфатено со планот, подрачјата соседни на планскиот опфат, широката јавност, претставници на стручната јавност, претставници од органи на државната управа, претставници на единиците на локалната самоуправа, стручни лица од невладини организации и други стручни лица од областа што е релевантна за планирањето и за конкретниот плански опфат, дека општина Неготино организира јавна презентација и јавна анкета за Нацрт- Детален урбанистички план за Урбана единица 7, дел од блок 23 (помеѓу улиците Маршал Тито и регулирано речно корито на ,,Неготинска река”), Oпштина Неготино.

 

Граници на планскиот опфат се:

  • на север е улица „Баба Ана Ташева“, и
  • на западната страна улица „Маршал Тито“.
  • на источната страна „Неготинска река“.

 

Опфатот е со површина  од  0,98 ха.

Јавната анкета

Јавната анкета за нацрт план – Детален урбанистички план за Урбана единица 7, дел од блок 23 (помеѓу улиците Маршал Тито и регулирано речно корито на ,,Неготинска река”), Oпштина Неготино, според урбанистичка документација изработена од „ПАРАМЕТАР“

ДООЕЛ Скопје со технички број  04-36/2024 од  септември  2024 година, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино како и со објавување на планот во системот за е-урбанизам.

Јавната анкета ќе трае 30  (триесет) денови и тоа од  16.10.2024 година  до 14.11.2024 година, секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.

 

Јавната презентација

 

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 16.10.2024 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.

11-17-14-Јавен Повик

11-17-анкетен лист

opfat pdf

ДУП за УЕ 7 дел од блок 23 – 04.09.2024 – 25.09.2024 (2)_compressed

Close Search Window