Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Вести, Новости|

Општина Неготино во соработка со градскиот ракометен клуб “Вардар – Неготино” во недела, 25 декември во салата на СРЦ “Младост” ќе го организира Меморијалниот ракометен турнир “Илија Ѓорѓиев – Манџата”, кој по 4-ти пат ќе биде организиран во чест на Илија Ѓорѓиев – спортски работник и голем поддржувач на ракометот во Неготино. Учесници на ова издание на турнирот ќе бидат екипите на домаќинот ГРК “Вардар” – Неготино, ГРК “Тиквеш” – Кавадарци, РК “Шампион” – Скопје и екипата на РК “Бисинов Фруит Ленд” од Велес. Почетокот на натпреварите на турнирот е закажан за во недела од 11 часот, а со почеток од 18 часот ќе биде одигран и ревијален ракометен натпревар помеѓу ветераните на РК “Повардарие” и Македонската ракометна репрезентација – ветерани, предводена од Пепи Манасков. За најдобрите екипи и поединци на турнирот организаторот обезбеди пригодни награди и благодарници.

Close Search Window