Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Вести, Новости|

Одговарајќи позитивно на барањето на организаторот за партнерство во реализацијата на проектот, општина Неготино утре и задутре ( 15 и 16.12.2022г.) ќе биде домаќин на патувачкиот дел на филмскиот фестивал за млади под наслов Џифони патува во Неготино. Настанот ќе се одржува во кино-салата на Центарот за култура „Ацо Ѓорчев“ во нашиот град,  два дена во приодот од 10,00 до 14,00 часот со предвидена бројка на 50 до 80 учесници во соработка со училиштата од општината. Фестивалот е наменет за младата публика на возраст со главен фокус на децата од 13 до 18 годишна возраст. Преку фестивалот Џифони како културен производ наменет за младите, се очекува градење на естетските вредности за филмот и културата воопшто кај младите од општина Неготино.

 

Close Search Window