Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Култура, Новости|

Синоќа, со претставата “Брачна комедија” беше отворено второто издание на театарскиот фестивал “Бранко Ѓорчев 2023”, кое вечерва продолжува со комедијата “За нас почнува живот” во Режија на Дејан Пројковски, а во главните улоги играат Билјана Драгичевиќ Пројковска и Нино Леви.

Претставата е со многу трагикомични ситуации, но и со многу комични дијалози кои не потсетуваат дека животот е убав и без добивка на лото. Во што се претвори денес современиот човек, во што верува, во што се надева, има ли љубов во себе. Претставата се занимава со големите прашања за смислата на животот на малиот човек.

Препорака и покана до сите љубители на театарот за уште едно одлично театарско доживување и уживање.

Close Search Window