Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На пригодна свеченост што се одржа во салата на општина Неготино го одбележавме 17- ти март – Денот на крводарителите во Република Македонија. Заедно со секретарот на општинската организација на Црвен крст Неготино Тошко Настов на крводарители кои се истакнале во оваа област им доделивме благодарници и признанија. Така, за 120 реализирани крводарувања благодарници добија Анастасе Паунков и Драги Шалев, за 75 крводарувања Борче Трајанов и Бранко Давидов, за 50 Александар Клинчаров и Ѓорѓи Делов, а беа доделени и благодарници за 25 дарувања на крв и за најмладите крводарители. На сите крводарители од општина Неготино им го честитам 17 ти март – Денот на крводарителите со благодарност за нивната хуманост, солидарност и љубов кон човекот.

Close Search Window