Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На денешната свечена седница по повод Денот на ослободувањето на Неготино, а по предходно донесени одлуки од страна на советниците во општинскиот Совет, традиционално беа доделени наградите и признанијата по повод 8-ми Ноември. Добитници на признание 8-ми Ноември за 2022 година се: – Зоран Недев-постхумно спортски разботник, Маркет Дијана-стопанство, Јован Тасев-образование, Дејан Јованов-бизнис сектор, Јадранка Темелкова-спорт и  Др. Иван Иванов-здравство. Наградата 8-ми Ноември годинава му беше доделена на Тоше Зафиров за постигнати резултати од областа на спортот, додека за почесен граѓанин на Неготино е прогласен Тасе Лазовски од Нова Горица-Република Словенија за афирмација на општина Неготино преку организирањето на Џидимирските средби. Наградите на наградените им ги врачија престедателката на Советот Роза Јаневска и градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов.

Close Search Window