Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Денеска во салата за состаноци на општина Неготино во присуство на голем број родители доделив вкупно 42 вредносни ваучери во висина од 7.000 денари за новороденчиња од општина Неготино. Станува збор за финансиска поддршка која ја доделуваме во континуитет како поддршка за младите родители, а овој пат ваучерите ги доделивме за новородените деца во месеците септември и октомври, оваа година. Родителите изразија благодарност за поддршката што ја добија од општина Неготино, а јас им посакав нивните најмили да бидат здрави и среќни.

Close Search Window