Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Поради големиот интерес на граѓаните на општина Неготино за фудбалскиот бараж натпревар за влез во Втората фудбалска лига помеѓу екипите на Вардар од Неготино и Новаци кој се игра во недела 28 мај (недела), со цел да се излезе во пресрет на љубителите на спортот од општината кои сакаат да присуствуваат на двата спортски настани, кошаркарскиот клуб “Спорт Тим” и Општина Неготино направија измена во програмата на Кошаркарскиот турнир за младински категории “Неготино 2023”. Сите натпревари од турнирот наместо во сабота и недела (27 и 28 мај) ќе бидат одиграни во еден ден (сабота, 27 мај) со почеток од 9.30 часот во спортската сала “Младост”. Покана до сите љубители на спортот масовно да ги посетат двата спортски настани кои не очекуваат овој викенд: Кошаркарскиот турнир за младински категории “Неготино 2023” во сабота 27 мај и фудбалскиот бараж натпревар помеѓу екипите на Вардар и Новаци, кој што ќе се одигра на 28 мај (недела).

Close Search Window