Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во организација на општина Неготино и во соработка со воспитно образовните установи од градот се одржа манифестацијата „Маскенбал-2023г.“ во рамките на која се одржаа маскенбалско дефиле и забавна програма на градскиот плоштад. Настанот предизвика огромно внимание и интерес кај населението, па така градскиот плоштад беше исполнет со посетители кои ги проследија дефилето и забавната програма и со аплаузи и насмевки на лицата ги проследија подготвените содржини.

Close Search Window