Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На мое големо задоволство, а во пресрет на Новогодишните празници, денеска престојував во објектот Мајски цвет при неготинската детска градинка и заедно со воспитниот тим кој учествуваше во подготовките, ја проследивме новогодишната претстава ,, Маша, Медо и заробениот Дедо Мраз “” во изведба на дечињата од трите објекти Темјанушка, Мајски цвет и Пролет. Врз основа на претходно остварената соработка на општина Неготино со одговорните во градинката, за 535 дечиња кои престојуваат во трите објекти, како и на дечињата од други просторни услови во Пепелиште, Криволак и Тремник обезбедивме новогодишни пакетчиња посакувајќи им на сите многу здравје и среќа во Новата 2023 година. Дечињата ќе добијат и пакетчиња од фирмата Дуки Дасо од Неготино.

Close Search Window