Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости, Соопштенија|

Врз основа на член 4, 36, 37, 38, 39 и член 67 став (1) од Законот за користење и располагање со ствари во државна сопственост и ствари во општинска сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16, 21/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.101/19, 275/19 и 122/21), Одлука донесена од Советот на Општина Неготино со бр.08-354/14 од 10.05.2023 година,  а во согласност со Извештај за процена на  на недвижен имот со бр.90 од 18.04.2023 година изработен од АБЦ-БРОТХЕР ДООЕЛ Скопје, Kомисијата за недвижни и движни ствари формирана од Градоначалникот на Општина Неготино, објавува :

  ОБЈАВА БР. 01/2023

 за издавање под закуп на недвижен имот по пат на  ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ (прва објава)

 

  1. ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНОТО НАДАВАЊЕ

 

Предмет на електронското јавно надавање е издавање под закуп на недвижен имот – Ресторан во склоп на СРЦ Младост,  сопственост на Општина Неготино, врз основа на имотен лист бр.8396 за КО Неготино.

Објектот се издава под закуп врз основа Одлука на Советот на Општина Неготино со бр.08-354/14 од 10.05.2023 година, за времетраење од  10 (десет) години сметано од денот на потпишување на Договорот за закуп со најповолниот понудувач за недвижната ствар под реден број 1 од табеларниот преглед во глава 3.

 

  1. ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ ПОД ЗАКУП

– Закупнината закупецот се обврзува да ја плаќа месечно, најдоцна до крајот на тековниот месец,

–  Закупецот се обврзува да плати законска казнена камата за секое ненавремено плаќање,

– Закупецот е должен редовно да ги измирува тековните трошоците (електрична енергија, вода и сл.) во време на закупот, како и одредени надоместоци за објектот, осигурување и слично,

–  Закупецот неможе објектот да го издава во подзакуп.

 

  1. ПОДАТОЦИТЕ ЗА НЕДВИЖНИТЕ СТВАРИ КОИ СЕ ДАВААТ ПОД ЗАКУП

–  Имотен лист број 8396 за КО Неготино.

– Увид на објектот кој што се издава под закуп може да се изврши во просториите на СРЦ МЛАДОСТ, секој работен ден (од понеделник до петок) од 09.00 часот до 15.00 часот.

 

Ред бр. Улица и број Опис на недвижните ствари Површина Банкарска гаранција 2% Почетен износ на месечната закупнина

(0,5% од проценетата вредност)

Почеток/ час на аукцијата
 

   1

Ул.Маршал Тито бб Неготино, во склоп на СРЦ Младост Ресторан во склоп на СРЦ Младост, со надворешните тераси од бочните страни на ресторанот  

226 м2

43.950,00

денари

 

10.986,00 денари

  11,00 часот

 

Посета на локација: Секое заинтересирано лице може да побара да направи увид на предметот на закуп на наведената локација, по претходно закажување на  тел.075 256 000

 

  1. ПРАВО НА УЧЕСТВО

Право на учество на електронското јавно наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски  правни лица кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.

Заинтересираните правни лица можат да учествуваат со поднесување на Пријава за учество поединечно за секоја.

 

            4.1.УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ

Заинтересираните правни лица електронски поднесуваат Пријава за учество на јавното наддавање, која треба да ги содржи сите податоци и докази утврдени во објавата. (За да може да поднесе пријава за учество заедно со доказите утврдени со објавата секое правно лице треба претходно да се регистрира на страната www.e-stvari.mk). Доколку понудувачот веќе учествувал во постапките по претходни објави и спроведени електронски јавни наддавања спроведени преку овој систем за него сеуште важат претходно автоматски доделените корисничко име и лозинка – од учество во постапка која ја спроведувала било која општина.

Доказите кои е потребно да се достават кон Пријавата за електронското јавно наддавање, регистрираното лице е должно да ги прикачи во системот во скенирана копија на оригиналот во PDF формат, и тоа:

  • Изјава со која што ги прифаќаат условите што се дадени во објавата.
  • Изјава за давање согласност за користење и обработка на личните податоци.
  • Банкарска гаранција за сериозност во висина од 2% од проценетата вредност на стварта, за учество на јавното наддавање. Покрај електронски банкарската гаранција за сериозност треба во оригинал да се достави и до Комисијата за недвижни и движни ствари на Општина Неготино на адреса ул.„Ацо Аџи Илов “ бр.2, Неготино до крајниот рок за поднесување на понуди/пријави определен во оваа објава. Недоставувањето на банкарската гаранција во писмена форма до комисијата ја прави пријавата неприфатлива и истата ќе биде одбиена.
  • Доказ за идентитет

-за домашни правни лица-Тековна состојба од Централен регистар на РСМ (не постара од шест месеци)

-за странски правни лица- доказ за регистрација од соодветниот регистар на земјата каде се регистрирани.

  • Е-маил адреса на поднесувачот на пријавата, преку која што ќе се врши постапката на регистрирање за учество во јавното електронско наддавање  на која што ќе им биде испратено корисничкото име и шифрата за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива  електронското јавно  наддавање.

Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетирани согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат.

            4.2 ПОЧЕТНА ЦЕНА

Висината на почетна месечна закупнината изнесува 0,5% од проценетата вредност на недвижната ствар (2.197.149,00 денари-проценета вредност; 10.986,00 денари – месечна закупнина) и истата е наведена во табеларниот преглед.

 

  1. БАНКАРСКА ГАРАНЦИЈА ЗА СЕРИОЗНОСТ

 

          Банкарската гаранција за сериозност на понудата за учество на електронското јавно  наддавање за недвижноста предмет на давање под закуп изнесува 2% од проценетата вредност на недвижната ствар и износот е утврден во табеларниот преглед даден во оваа објава.

Банкарската гаранција  за сериозност на понудата за учество на јавното наддавање му се враќа на подносителот на пријавата во рок од 15 дена од денот на одржувањето на јавното наддавање, а банкарската гаранција на најповолниот понудувач му се враќа во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.

Банкарската гаранција треба да биде издадена во македонска валута, од банка која што работи и врши банкарски активности во Република Северна Македонија, со времетраење од најмалку 60 дена.

  1. РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ

Пријавите за учество на електронското јавно наддавање се доставуваат во рок од 20 дена од денот на објавувањето на огласот, заклучно со ден 15.06.2023 година до 11 часот, во електронска форма на следната интернет страница  www.e-stvari.mk

Електронското јавно наддавање за давање под закуп на недвижните ствари ќе се одржи на интернет страницата www.e-stvari.mk на ден 19.06.2023 година, со почеток во 11.00 часот.

  1. 7. ПОСТАПКА

Постапката за електронското јавно наддавање за давање под закуп на недвижности во сопственост на Општина Неготино ја спроведува Kомисијата за недвижни и движни ствари на Општина Неготино.

Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање.

Комисијата по приемот на пријавите утврдува дали се доставени во определениот рок и дали се комплетни согласно со условите во објавата по што ги известува подносителите на пријавите по електронски пат. На подносителите на пријавите кои се комплетни, комисијата во рок од (3) три дена од денот на доставувањето на понудите им доставува корисничко име и шифра за учество на јавното наддавање, а на подносителите кои не доставиле комплетна документација им доставува известување со образложение дека нема да учествуваат на јавното наддавање.

Електронско јавно наддавање започнува со објавување на вкупната почетна цена на закупнината на недвижната ствар и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.

Во првите (5) пет минути од јавното наддавање учесниците можат да ја прифатат, односно зголемат цената на закупнината на недвижната ствар. Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време на траењето на јавното електронско наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, тогаш крајниот рок за завршувањето на јавното електронско наддавање се продолжува за уште две (2) минути, а ќе заврши кога за време од следните две (2) минути нема да биде дадена нова понуда. Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две (2) минути биде дадена нова понуда.

Доколку во првите пет (5) минути од јавното наддавање не е прифатена понудата, односно не е дадена повисока понуда од учесникот од јавното наддавање, вредноста на закупнината на недвижната ствар се намалува за 2% по што учесниците на јавното наддавање повторно ќе имаат можност да ја прифатат, односно зголемуваат цената закупнината на недвижната ствар без притоа да се ограничува минималниот чекор на зголемување.

Доколку во истекот на последните две минути од вторите пет минути од јавното наддавање од страна на учесниците е прифатена понудата, односно дадена е повисока понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема дадено нова понуда.

Доколку во времетраење од пет минути повторно нема понуда, вредноста на закупнина на недвижната ствар повторно се намалува за 2% од првичната проценета вредност.

Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по објавата се пријавил и само еден учесник кој  ги исполнува условите  од објавата  и  ја прифати  почетната цена.

За најповолен понудувач се смета учесникот во јавното наддавање кој што понудил последна цена која што претставува највисока цена за закупнина  на недвижната ствар.

По завршувањето на јавното наддавање Комисијата изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на електронското јавно наддавање.

Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршувањето на постапката на јавното наддавање е должен да ги уплати средства на сметка на Општина Неготино, во согласност со постигнатата крајна цена, а доколку не ги уплати во овој рок нема да се пристапи кон склучување на договор, банкарската гаранција ќе биде активирана, а понудувачот во период од една година нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за предметните недвижни ствари.

Со најповолниот понудувач во рок од петнаесет работни денови по извршената уплата на постигнатата крајна цена се склучува договор за закуп во писмена форма, кој во рок од 30 дена  се доставува кај нотар заради вршење на солемнизација.

Нотарските  трошоци се обврска на закупецот.

Учесниците имаат право на приговор само по однос на постапката на јавното електронско наддавање, во рок од три (3) дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува по приговорот со решение  во рок од пет (5) дена од приемот на приговорот.

            Против решението на Комисијата може да се изјави жалба до Државната Комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

 

Kомисијата за недвижни и движни ствари на

Општина Неготино

 

Оригинал                                                                                                                                      ________________________________

место за арх.заверка од понудувачот (за правното лице)

 

 

Прилог 1- ОБРАЗЕЦ НА ПРИЈАВА  (понуда)

 

Врз основа на Објавата бр.01/2023 за издавање под закуп на недвижен имот по пат на  ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДАВАЊЕ (прва објава) кое електронско јавно наддавање кое ќе се оддржи на интернет страницата http://www.e-stvari.mk/ , ја поднесуваме следнава:

 

ПРИЈАВА (понуда)

 

1.Име на понудувачот: ______________________________________________________________________                                                     (назив на правното лице според тековна состојба)

  1. Контакт информации

 

Седиште/адреса: _____________________________________________________________________________

 

Телефон: __________________________________моб.тел.___________________________________

 

Факс: ______________________________________________________________________________

 

Е-пошта за корисничко име и шифра за учество на јавно наддавање: ________________________________

 

Лице за контакт: _____________________________________________________________________________

 

  1. Одговорно лице (управител):________________________________________________________________

 

  1. Даночен број: ____________________________________ЕМБС ___________________

 

  1. 5. Жиро сметка за правно лице /трансакциска с-ка за физичко лице____________________

 

  1. 6. Банка : ______________________________________________________________________________

 

  1. Изјава за давање согласност за користење и обработка на личните податоци на понудувачот и одговорното лице на понудувачот заради учество во постапката на Општина Неготино по Објавата бр.01/2023 за издавање под закуп на недвижен имот по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДАВАЊЕ (прва објава), прилог 3.
  2. Изјава за прифаќање на условите и барањата од Објавата бр.01/2023 за издавање под закуп на недвижен имот по пат на ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДАВАЊЕ (прва објава),  прилог 2.

 

  1. Обрaзец на пријава (понуда) – прилог 1.):

 

 

 

 

 

Реден

број недвижни ствари предмет на закуп

Предмет на закуп,

опис на недвижната ствар

 

 

Да се наведат податоци за банкарската гаранција која понудувачот ја доставува

 (2% од проценетата вредност на недвижната ствар)

1.  

Ресторан во склоп на СРЦ Младост, со надворешните тераси од бочните страни на ресторанот

 

Износ во МКД:________________

 

Дата на издавање._____________

 

Рок на важност од :_____________

 

Рок на важност до :_____________

 

Напомена: рокот на важност на банкарската гаранција треба да биде најмалку 60 дена.

 

 

 

Место и датум

 

___________________________

Одговорно лице / Име и Презиме

 

___________________________

(потпис и печат)

 

Напомена***: Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање освен банкарската гаранција за сериозност на понудата која треба да се достави и во писмена форма.

 

Прилог 2 – Изјава за прифаќање на  условите и барањата од Објавата бр.01/2023 за издавање под закуп на недвижен имот по пат на  ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДАВАЊЕ (втора објава).

 

ИЗЈАВА

за прифаќање на  условите и барањата од Објавата бр.01/2023 за издавање под закуп на недвижен имот по пат на  ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДАВАЊЕ (прва објава)

 

Јас, ____________________________________________________________________________________

(Име и Презиме на одговорно лице (управител) на правното лице  )

со седиште/адреса_______________________________________________________________

под морална, материјална и кривична одговорност со потпишувањето на оваа изјава доброволно изјавувам дека ги прифаќам во целост условите и барањата од Објавата бр.01/2023 за издавање под закуп на недвижен имот по пат на  ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДАВАЊЕ (прва објава).

 

Место и датум

___________________________

Одговорно лице / Име и Презиме

 

___________________________

(потпис и печат)

 

Прилог 3 – Изјава за давање согласност за користење и обработка на личните податоци на понудувачот и одговорното лице на понудувачот заради учество во постапката на Општина Неготино по Објавата бр.01/2023 за издавање под закуп на недвижен имот по пат на  ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДАВАЊЕ (прва објава).

 

ИЗЈАВА

за давање согласност за користење и обработка на личните податоци

на понудувачот и одговорното лице на понудувачот

 

Јас, ____________________________________________________________________________________

(Име и Презиме на одговорно лице (управител) на правното лице  )

со седиште/адреса на__________________________________________________________________________

во својство на одговорно лице на правното лице:________________________________

под морална, материјална и кривична одговорност со потпишувањето на оваа изјава доброволно изјавувам дека давам изречна согласност Општина Неготино (Kомисијата за недвижни и движни ствари формирана од Градоначалникот на Општина Неготино) да може да ги користи, обработува и чува моите лични податоци (и личните податоци на правното лице) заради учество во постапката по Објавата бр.01/2023 за издавање под закуп на недвижен имот по пат на  ЕЛЕКТРОНСКО ЈАВНО НАДАВАЊЕ (прва објава), објавена од Општина Неготино.

 

 

 

Место и датум

___________________________

Одговорно лице / Име и Презиме

 

___________________________

                   (потпис и печат)

 

Објава

 

Close Search Window