Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

ЕНПОЛ –ЕЕ|

   Во рамките на спроведувањето на проектот ,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животна средина“ „Enpol-EE“ од програмата за прекугранична соработка „Intereg-IPA CCI 2014 TC 16 15CB 009 во периодот 2014-2020 година, на 03.06.2019 беше организиран првиот инфо ден на општина Неготино .Темата беше  „Важноста во заштитата на животната средина“. Намерата е преку серија од 5 инфо денови да се одговори на прашањето „Како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетската политика во нивните територии, во заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигнување на свеста на локалното население во врска со мерките за енергетска ефикасност“. Поздравно обраќања имаше градоначалникот Тони Делков , а претставување на проектот „ изврши проектниот менаџер Лидија Нечева. Во бројно присуство на ученици од СОУ,, Св Кирил и Методиј,, претставници од Совет на општина Неготино, општинската администрација, други образовни установи и заинтересирани граѓани, вовед во темата „Важноста во заштитата на животната средина“ и експертска презентација   направи професор др.Даме Димитровски.Покрај присутните дискусии, првиот инфо ден беше искористен и за давање предлози од страна на засегнатите страни  преку поделени прашалници до присутните, а беше споделена и  информација за следните инфо денови во рамките на проектот „Енпол-ЕЕ“ во општина  Неготино. Организацијата на првиот и на сите останати настани за општина Неготино е доделена на   О3 ИНВЕСТ од Скопје.Проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничен регион како индикативен фактор за политика на животната средина“ со акроним „Енпол-ЕЕ“ се реализира во партнерска соработка на општина Неготино, СОУ„Св.Кирил и Методиј“ од нашиот град, општина Пела и Јавното претпријатие за култура и развој на Пела-Република  Грција.
Истиот ден и во СОУ„Св.Кирил и Методиј“ од нашиот град се организираше првиот инфо ден каде што беше извршена промоција на проектот  низ  поделени промотивни материјали( маички и флаери)  за учениците. 

 

       

Close Search Window