Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 52 став 1 од Законот за административни службеници (,,Сл.весник на РМ,, бр.27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18  и ,,Сл.весник на Република Северна Македонија,, број 275/2019 и 14/2020), Секретарот  на општина Неготино во постапка на унапредување на  административен службеник преку Интерен оглас , ја донесе следната

О Д Л У К А
  За избор на административен службеник по пат на Интерен оглас

    1.По интерниот оглас бр.04/2022 објавен на ден 09.08.2022 година за унапредување на административен службеник во општинската администрација на општина Неготино во Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој, со назив на работно место – Раководител на Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој  и шифра на работно место : УПР 01 01 Б02 000 се избира административниот службеник МЕТОДИ ДАНАИЛОВ.

    2.По завршувањето на постапката за избор и конечноста на оваа одлука, ќе се донесе соодветно решение за распоредување на административниот службеник.

    3.Оваа одлука влегува во сила со денот на донесувањето.

О б р а з л о ж е н и е
    Агенцијата за администрација по барање на општина Неготино на својата интернет страница објави интерен оглас бр.04/2022 година на ден 09.08.2022 година за унапредување на административен службеник во општинската администрација на општина Неготино во Сектор за урбанизам и заштита на животната средина, комунални работи и сообраќај и локален економски развој и шифра на работно место : УПР 01 01 Б02 000. Комисијата за селекција на административен службеник на ден 16.08.2022 година во  10:00 часот спроведе административна селекција по Интерен оглас, при што се утврди дека уредно доставени документи имаше единствениот кандидат Методи Данаилов. Истиот ден во 14:30 часот се спроведе и интервју со единствениот кандидат , согласно Законот за административни службеници. По спроведеното интервју, Комисијата изготви ранг листа, врз основа на која Секретарот  на општина Неготино изврши избор  како во дипозитивот на оваа одлука.

УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против оваа одлука кандидатот има право  да поднесе жалба до Агенцијата за администрација Скопје во рок од 8(осум) дена од објавување на одлуката на ВЕБ страницата  на институцијата.

О Д Л У К А  

Close Search Window