Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 13, 17, 24-a и член 78 од Законот за просторно и урбанистичко планирање ( 51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11) и Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на Општина Неготино за 2011 година, Советот на општина Неготино  на   седницата   одржана   на  31.08.2011 година  расправајќи по   иницијативата  за отпочнување на постапка за изработка на  Урбанистички план вон населено место КО Дуброво Општина  Неготино ја донесе следната

                   О Д Л У К А

    1. Советот на Општина Неготино ја прифаќа  иницијативата  на ИГМ ТРЕЈД Илија и др. ДОО Кавадарци за отпочнување на постапка изработка-проширување на Урбанистички план вон населено место КО Дуброво  Општина  Неготино .
    2. Се задолжува општинската администрација да ги изврши сите подготвителни  работи за отпочнување на постапка за изработка- проширување на Урбанистички план вон населено место КО Дуброво- Општина Неготино ( кп.бр.249, кп.бр248 кп.бр247 кп.бр246 кп.бр250/4 кп.бр245 кп.бр244 кп.бр243 кп.бр242 кп.бр478-дел кп.бр255-дел кп.бр256-дел кп.бр257 кп.бр258 кп.бр259 кп.бр260-дел кп.бр263-дел кп.бр231/1 кп.бр231/2 кп.бр230/2 кп.бр1049 кп.бр1050 кп.бр1051 кп.бр1044 кп.бр1029 кп.бр1028 кп.бр1048-дел кп.бр1042-дел кп.бр1021-дел кп.бр1027/1 кп.бр1018 кп.бр1013 кп.бр1012 кп.бр1009 кп.бр1043 кп.бр1016)  за Индустриски комлекс –Железара за производство на топловалан и ладновалан челик преку фази на собирање, обработка и топење на челичен отпад, континуирано лиење на челик, добивање на топловалани лимови, преработка на топловалани во ладновалани лимови, поцинкувани лимови,поцинкувани и пластифицирани лимови.
    3. Трошоците за изработка на планот ќе паднат на товар на барателот.
    4.Со денот на влегување на сила на оваа одлука престанува да важи Одлуката бр.07-417/5 од 08.08.2011 година за отпочнување на постапка за изработка на Урбанистички план вон населено место КО Дуброво.    
    5 Ова одлука влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе биде објавена во ,,Службен гласник на општина Неготино,,.   

 

Close Search Window