Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На четврта сесија од Форумите во заедницата во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“, по пат на гласање, учесниците одучија преку овој проект во Неготино да се изврши реконструкција на тротоари со должина од 553 метри на две локации на улицата Маршал Тито. На првата локација ќе се обноват тротоари во должина од 328, а на втората во должина од 225 метри, при што ќе се изведат работи и за спуштање на тротоари на 15 локации во градот за подобрување на пристапноста за лицата со посебни потреби. Одлуката е донесена од причина што на постојните тротоари се забележливи видни оштетувања, при што граѓаните се соочуваат со проблеми при движењето, а евидентна е и неможноста за остварување на правата на лицата со попреченост, родители со колички за мали деца, повозрасни лица и граѓаните во целост. За реализација на овој проект вкупниот буџет изнесува 55.500 долари, од кои 36.000 или 64,86% се средства обезбедени од донаторот, додека Општина Неготино учествува со средства од 19.500 долари или 35,13%.
Програмата „Зајакнување на општинските совети“ ја финансираат Embassy of Switzerland in North Macedonia Швајцарската влада и Министерство за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува Програмата за развој на Обединетите нации UNDP MK во соработка со национални и локални партнери.

Close Search Window