Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

На мое големо задоволство, денеска во кабинетот извршив прием на фудбалерите на ГФК „Неготино“ предводени од тренерите Илија Стојанов и Велимир Смилков кои со 2 екипи учествуваа на меѓународниот турнир „Петрич куп-2023“ што се одржа во Бугарија. На средбата бев информиран дека неготинската екипа со дечиња од генерацијата 2014 г. го освои првото место на турнирот со 4 остварени победи и 1 пораз и го има најдобриот голман на турнирот Дане Думов, додека екипата 2009/2010 г. се пласира на четвртото место и го има најдобриот стрелец на турнирот од оваа генерација Петар Смилков. Претставниците на ГФК „Неготино“ изразија благодарност за финансиската поддршка што ја добиваат од општина Неготино во рамките на годишната Програма за финансирање на спортските клубови. Како градоначалник на општина Неготино им честитав на одличниот успех постигнат на турнирот и им посакав остварување на уште многу добри резултати и на други натпреварувања, со ветување за натамошна финансиска поддршка во рамките на можностите за клубот и дечињата кои се иднината на неготинскиот фудбал.

Close Search Window