Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Денеска имав убава можност да остварам средба со кошаркарките и раководството на ЖКК Спорт тим од нашиот град кои учествуваа на меѓународниот турнир во кошарка кој се одржа во Бања Лука и на кој учествуваа 23 екипи од 6 држави од регионот. Како што бев информиран, нашите кошаркарки оствариле одличен успех на турнирот при што екипата составена од играчи од генерацијата 2011 година го освоила второто место, а Гордана Димова од неготинскиот клуб е прогласена за најдобар стрелец на првенството, додека екипата од генерацијата 2010 година го освоила третото место. На сите присутни им честитав на одличните резултати со кои се афирмира спортот во општина Неготино. Како градоначалник и како локална самоуправа со средства од 300.000 денари го помагаме функционирањето на ЖКК Спорт тим, а со поддршката за сите спортски екипи и спортисти ќе продолжиме и во иднина во рамките на финансиските можности на општината.

Close Search Window