Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во завршна фаза е проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ со акроним „wa-mbrella“-проект преку програмата „Интеррег Ипа Програма за прекугранична соработка Грција-Македонија“ и е во насока на заштита на животната средина. Проектот е во завршна фаза, реализирани се сите активности и останата е да се доврши најголемата и највредна активност-изградбата на колекторскиот систем за поврзување на отпадните води на село Тимјаник со град Неготино. Вредноста на проектот е во висина од 314.754,55 евра или 19.514.782 денари. Досега се спроведени повеќе активности: – реализиран состанок за напредок на проектот, изработен е комуникациски пакет со акции, испечатени се 2 изданија на промотивни материјали за промоција, одржан е дводневен настан за фармери во општина Неготино, информативен ден за најдобри иригациони практики во соседна Грција, изработена е техничка документација за продолжување на канализациопниот систем на излезот од Неготино во должина од 400 метри, а исто така изработена е и предфизибилити студија за прочистителна станица на реката Вардар.

Close Search Window