Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во организација на Здружението на слепи лица на град Неготино , денес во спортската сала на СОУ „ Св. Кирил и Методиј “ Неготино се одржаа традиционалните регионални игри „ Гол Бал “ 2022 по повод одбележувањето на празникот на градот 8 Ноември – Денот на ослободувањето на град Неготино.
На овие игри учество земаа 15 учесници од Здруженијата на слепи лица од Неготино, Кавадарци и Струмица. На сите учесници Општина Неготино им додели благодарници за освоено прво, второ и трето место. Првото место го освои екипата на Неготино, второто место го освои екипата на Кавадарци , а третото место и припадна на екипата на Струмица.
Од Здружението на слепи лица од град Неготино се заблагодарија за несебичната поддршка од страна на Општина Неготино и се надеваат на понатамошна соработка.

Close Search Window