Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

ЕНПОЛ –ЕЕ|

   Во рамките на проектот Енпол-ЕЕ од програмата за прекугранична соработка, општина Неготино го организираше вториот инфо ден кој ја обработуваше темата „Важноста на енергетската ефикасност за заштита на животната средина“. Проектната задача одговара на основното прашање, а тоа е како можат локалните власти да придонесат за примена на енергетските политики во заедничка рамка на акции и истовремено да придонесат за подигање на свеста на локалното население во врска со мерки на енергетска ефикасност. На инфо денот тим лидерот на проектот ги претстави реализираните активности во склоп на проектот „Енергетска ефикасност во прекуграничниот регион како индикативен фактор за политика на животна средина“, додека претставник на проектниот тим ги претстави конкретните мерки на локалните власти во општина Неготино и нивниот придонес за енргетска ефикасност и почиста животна средина. Одржаниот инфо ден е само една од многуте активности кои се спроведуваат во рамките на овој проект.

 
 
 
     
Close Search Window