Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Во рамките на спроведувањето на Програмата на Одделението за комунални дејности при општина Неготино, во тек се активности за расчистување и уредување на просторот околу споменикот на Манчо Малиминов во нашиот град. Активностите со работна рака и неопходната механизација ги изведуваат работници на локалното комунално претпријатие „Комуналец“, како во околината на споменикот, така и на влезот во парковската површина на истиот споменик. Активностите за расчистување на овој простор континуирано ќе продолжат и во наредниот период.

Close Search Window