Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

   Им се соопштува на месното население од општините кои гравитираат околу Армискиот Полигон Криволак во период од 01.09.2019 до 30.09.2019 година, во реоните на Брест, Кршковица, Мушанци, Голема Страна, Кашаи, Тубре, Бел Камен, Козарник, Џидимирци, Читаклија, Кукулци, Кара Оџали, Хаџи Хамзали, Кавлик Алајка, Кур Тепе, Штрклево, Енешево, ќе се извршуваат вежбовни боеви активности.
Во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила во наведените реони. Исто така, се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства, кои можат да бидат опасни по живот, а доколку се пронајдат такви средства истите да се обележат и да се известат надлежните органи од Командата на АП Криволак или СВР Штип, ПС од ОН Неготино – ПС од ОН Кавадарци и ПС Градско.
Вежбалиштата на кои ќе се извршуваат планираните активности ќе бидат видно обележани согласно со Законскиоте прописи во АРМ, како и обезбедени со физички обезбедување.
Однапред благодарност за соработката.
Close Search Window