Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Градоначалникот и Советот на општина Неготино, ги известуваат сите граѓани на општина Неготино дека по повод одбележувањето на празникот на градот – 8 Ноември, оваа година традиционално по трет пат се организира турнир во табла “Неготино 2011”, кој ќе се одржи од 6 до 8 ноември 2011.Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Учеството на турнирот е бесплатно, а наградите за најдобрите ги обезбедува општина Неготино.
Пријавувањето за учество на турнирот е кај лицето Александар Донов, зграда на Собранието на општина Неготино, IV кат, соба 38, најдоцна до 5 ноември 2011 год., или на телефонскиот број 072/320-842.
Исто така, своето учество на турнирот заинтересираните граѓани можат да го пријават во угостителските објекти: кафе бар “Јоко” и сендвичара “ИВА”.
Close Search Window