Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

По повод 78 годишнината од ослободувањето на градот, Општина Неготино овие два дена организира повеќе спортски и културни настани кои се дел од програмата за одбележување на Денот на градот – 8ми Ноември. Празнувањето продолжи со две спортски натпреварувања, турнири во одбојка и пинг понг.
Одбојкарскиот турнир кој се одигра во салата на СОУ “Св. Кирил и Методиј” беше организиран во соработка со Сојузот на училишни спортови, а учествуваа екипите на УСК “Св. Кирил и Методиј” од Неготино и ЖОК “11 Октомври – Волеј” од Прилеп, кои во повеќе конкуренции одиграа неколку одлични натпревари. Општина Неготино за учесвтото во осмоноемвриската програма на екипите учесници им додели бладодарници.
Турнирот во пинг понг беше во организација на Младинскиот Совет на Општина Неготино, а се одигра во салата на ООУ “Гоце Делчев”. На истиот учествуваа голем број натпреварувачи, а на најдобрите Општина Неготино им додели дипломи и медали. Победник на турнирот е Димитар Филипов, второто место го овои Стојанчо Орешков, а третопласиран беше Новица Јовановиќ.

Close Search Window