Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Поради лошите временски услови и најавите за обилни врнежи од дожд за наредните неколку дена, традиционалниот кошаркарски турнир “Streetball 2022”, која е дел од манифестацијата “Спортско културно лето 2022”, наместо на градскиот плоштад ќе се одржи во спортската сала “Младост” во најавениот период од 23 до 25 август (вторник, среда и четврток). Натпреварите на 13-тото по ред издание на овој турнир започнуваат на 23 август (вторник) во 18.00 часот за кога е закажана и ждрепката за сениорските екипи. Своето учество на турнирот во сениорска конкуренција веќе го имаат најавено повеќе екипи од Скопје, Гевгелија, Штип, Кочани, Кавадарци, Росоман и Неготино, а пријавувањето за учество може да се направи до почетокот на турнирот. Во рамките на овој спортски настан ќе настапат и женски и машки – јуниорски екипи, кои во зависност од резултатите ќе добијат соодветни награди. Наградниот фонд кој го обезбеди општина Неготино изнесува 60.000 денари, а покрај наградите за првопласираните три екипи, ќе биде доделена и награда за МВП на турнирот. Полуфиналните и финалниот натпревар се на програмата на 25 август (четврток) со почеток од 18.00 часот, а по завршувањето на натпреварите ќе бидат доделени и наградите за најдобрите на овогодинешното издание на овој спортски настан. Општина Неготино ги поканува граѓаните од општината масовно да го посетат турнирот во спорстскта сала “Младост” и да дадат силна поддршка на домашните екипи.
Close Search Window