Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Се известуваат сите правни и  физички лица од просторот, опфатен со изработката на планот  Нацрт  –  УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН  ЗА СЕЛО ТИМЈАНИК  –  Општина Неготино  дека Градоначалникот  на Општината донесе Одлука за организирање на:

                   ЈАВНА АНКЕТА  и ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА    

 По Нацрт -УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО ТИМЈАНИК  Општина Неготино со технички број 153/13 од  ДЕКЕМВРИ 2013,  изработен од А.Д. за урбанизам, проектирање и инжинеринг,,ЗУМ – Скопје.

 Нацрт – УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА СЕЛО  ТИМЈАНИК – Општина Неготино е утврден од Советот на Општина Неготино на седницата одржана на 28-02-2014  год.
 
Графичкиот прилог по Нацртот на планот ќе биде изложен  во просториите на  Месната заедница во с. Тимјаник , 10 работни  дена од  17-03-2014  до 31-03-2014 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.

 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки , предлози  и  мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино .

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 26-03 -2014  год.  во салата на Месната заедница на с.Тимјаник  во 13 часот.  

Close Search Window