Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Се известуваат сите правни и физички лица од просторот, опфатен со изработката на  Нацрт – Детален  Урбанистички план  за дел од УБ 9.1„ИНДУСТРИСКА ЗОНА“ во Неготино  дека Градоначалникот на Општина Неготино донесе Одлука за организирање   на:

                   ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И  ЈАВНА АНКЕТА

По Нацрт – Детален  Урбанистички план за дел од УБ 9.1 „ИНДУСТРИСКА ЗОНА“ Неготино со тех.број 01-03/2015 од април 2015 година изработен од ,,Архиконс Јован ДООЕЛ Кавадарци, кој е утврден од Советот на Општина Неготино на седница одржана на 06-07-2015  год.

 Опфатот на планот е 2,8175 ха со граници:
На север,,постојна сообраќајница од индустриска зона
-на југ .,,индустриска зона ,,
-на исток ул.,,Маршал Тито
-на запад ,, училишен центар

Нацртот на планот со графичкиот прилг ќе биде изложен  во просториите на Општина Неготино, 10 работни  дена од   10-07-2015 до 23-07-2015 год.  секој работен ден од 08 до 16 часот.
 Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со Планот може да достават писмени забелешки ,предлози и мислења на Анкетни листови.
Анкетните листови за учество во јавната анкета може да се подигнат во  архивата на Општина Неготино

Јавна презентација на Нацртот на планот ќе се одржи на 16-07-2015 год.во големата сала на Општина Неготино во 13 и 30   часот.  

Close Search Window