Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

   Од 20 септември до 04 декември во општина Неготино ќе престојува нова група волонтери на Мировниот корпус на САД за време на нивната подготовка за служба, по што заминуваат во градови и села низ цела Македонија каде што ќе живеат и работат во наредните 2 години. Волонтерите се Американци со најразновидно потекло и тие во нашата држава доаѓаат да стекнат работно искуство, да научат повеќе за нашата земја и да ја споделат својата култура. За времетраењето на нивната обука од 11 недели во Неготино волонтерите ќе бидат сместени во семејства-домаќини кои ќе имаат обврски кон нив, но и ќе добиваат паричен надоместок за престојот во нивниот дом во просек  по 3.700 денари за 1 недела. Досега се пријавени 10 семејства-домаќини, но бидејќи се потребни уште, рокот за пријавување е продолжен до 5-ти август. Сите заинтересирани подетални информации можат да добијат во Одделението за локален економски развој при општина Неготино на трети спрат каде што можат и да ја добијат потребната апликација од страна на заинтересираните семејства-домаќини, на тел. 364-023 или кај лицето Јасминка Дуровиќ на телефон 072/320-841. Активностите треба да завршат до првата половина на звгуст, по што претставници на Мировниот корпус ќе ги посетат семејствата-апликанти и ќе направат избор каде ќе престојуваат волонтерите.

Close Search Window