Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

За организирање на јавна презентација и јавна  анкета Предлог – измена и дополна  на ДУП  за УЗ 7 – дел од блок 2,  КО Неготино, општина Неготино
Граници на опфатот сe:  на северозапад   улица „Партизанска“,  на североисток  улица  „Блажо Јанушев“, на југозапад  крак од улица  „Партизанска “  и на југоисток  улица „Даме Груев“ .
Опфатот е со површина  од  2,37 ха.
Јавната анкета и јавната презентација по Предлог – измена и дополна  на ДУП  за УЗ 7 – дел од блок 2,  КО Неготино, општина Неготино, со технички број  03-48/15 од  март 2016 година, изработен од  „НИМАЕР“  ДООЕЛ Струга д.е. Скопје, ќе се спроведе со излагање на Предлог планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  11.04.2016 година  до 22.04.2016 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 18.04.2016 година  во  14.00 часот во просториите на општина Неготино.

Close Search Window