Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Урбанизам|

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

                                                                                                  С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Измена и дополнување на ДУП за УЗ 5-дел од блок 1, КО Неготино, Општина Неготино  (помеѓу улиците ,, Владо Арсов Шпанац”, ,,Тимјаничка”, улица “8-ми Ноември” и улица ,,Киро Крстев”)

Граници на опфатот сe: на север е улица ,, Владо Арсов Шпанац”, на југ улица ,, Тимјаничка”, на запад улица “8-ми Ноември” и на исток, улица ,,Киро Крстев”.
Опфатот е со површина  од  2,69 ха.
Јавната анкета и јавната презентација за Измена и дополнување на ДУП за УЗ 5-дел од блок 1, КО Неготино, Општина Неготино,  со технички број 03-47/15 од  февруари,  2019 година, изработен од ДООЕЛ ,,НИМАЕР”  Струга д.е Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  21.03.2019 година  до 03.04.2019 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 27.03.2019 година  во  13.00 часот во просториите на општина Неготино.

Close Search Window