Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ” бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2021 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Архитектонско Урбанистички Проект за формирање на градежна парцела согласно Општ Акт за село Пепелиште, на КП 1282 и КП 1283 КО Пепелиште, Општина Неготино

Граници на опфатот сe: од северозападната и југозападната старна граничи со катастарски парцели кои претставуват градежно изградено земјиште, додека од североиосточната и југоисточната страна граничи со постоечки улици, кои се дефинирани со општиот акт за село Пепелиште. Пристап во парцелата е обезбеден од југоистoчната страна (улица 1) и североисточната страна (улица 2).
Опфатот е со површина  од  3251m2.
Јавната анкета и јавната презентација за Архитектонско Урбанистички Проект за формирање на градежна парцела согласно Општ Акт за село Пепелиште, на КП 1282 и КП 1283 КО Пепелиште, Општина Неготино, со технички број  04-222/2020 од  јануари  2021 година, изработен од „ПАРАМЕТАР“  ДООЕЛ Скопје ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 5  (пет) работни денови и тоа   од  29.03.2021 година  до 02.04.2021 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со АУП, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на АУП ќе се одржи на ден 01.04.2021 година  во  13:00 часот во просториите на општина Неготино.

Одржувањето на јавната презентација и анкета ќе се одржи согласно важечките прописи за заштита од вирусот Ковид-19, па според тоа кај присутните лица на Јавната презентација и јавна анкета задолжително треба да се запази  минимум потребното
растојание помеѓу лицата пред и внатре во објектот, да обезбедат спроведување на задолжителна дезинфекција на раце при влез во објектот и задолжително носење на заштитна маска, марама или шал со кој ќе бидат покриени устата и носот на учесниците во јавната презентација и јавната анкета.

AUP Pepeliste 15.02.2021.pdf
 

Close Search Window