Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Заврши 12-тото по ред издание на турнирот во табла “Неготино опен 2022”, кој беше дел од празничната програма организирана во чест на Денот на градот – 8ми Ноември. Во силната конкуренција со учесници од сите генерации, на турнирот беа одиграни интересни партии, а најдобрите учесници по систем на елиминација се пласираа во завршницата. Победник на 12-тото издание на турнирот е Трајче Михајлов, кој за прв пат е победник на овој настан. За постигнатиот резултат победникот доби диплома и парична награда од 10.000 денари, додека вицешампионот Петар Неделков кој беше поразен во исклучително интересното финале, доби диплома и парична награда од 6.000 денари. Трето место му припадна на Ване Ризов кој забележа победа во малото финале и доби диплома и заработи парична награда од 2.000 денари.

 

Close Search Window