Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

ЛЕР и јавни дејности|

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, заедно со раководителот на сектор за соработка  на делегацијата на Европската Унија Никола Бертолини ,претставници на Владата на РСМ , Мила Царовска ,Трајан Димковски , директорот на ПЛРК Антонија Шишак, денес направија увид на градежните активности кои се спроведуваат во општината, а  се во рамки на потпроектот – „ Вински, апи и еко туризам во Неготино и околината “ и финансирани преку Проектот за развој на локалната и регионалната конкурентност ( ПЛРК ).
ПЛРК е финансиран со грант од Инструментот за претпристапна помош 2 на ЕУ ( ИПА 2) и ко-финансиран од Владата на Република Северна Македонија, а се администрира од страна на Светска банка.
Овој проект спаѓа во категоријата на мали проекти каде се предвидени следните активности: партерно уредување на патеки во постоен пчелен парк во с. Вешје, реконструкција и адаптација на старата училишна зграда во современ Апи центар во с. Вешје, уредување на постојни жардиниери во нови модерни, набавка и поставување на урбана опрема 30 клупи, 30 корпи за отпадоци и 40 контејнери и едукација со флаери за класификација и селекција на отпад, надградба на постоечкиот мултифункционален туристички објект Желкова куќа во централно градско подрачје преку набавка, уредување и опремување „ Винска архива “ во подрумскиот дел од објектот Желкова куќа, надградба, надополнување на централно градско подрачје преку набавка и поставување на саемска и манифестациска опрема односно 3 куќички, 2 тенди, 100 монтажни столици и реконструкција на постоечка бина, поставување и одржување на Инфо тач постојка, обележување и сигнализација со поставување на 2 информативни табли и 20 патокази и поставување и изработка на конструкција за садење на лози.
Со комплетната реализација на проектот се предвидува разубавување и овозможување на поголема функционалност на делови од градот, нови туристички атракции и поставување на автентични обележја, односно општина во која туризмот ќе има голем придонес во локалниот економски развој.
Close Search Window