Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Новости|

Средното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во соработка со општина Неготино во среда на 17-ти мај ја организираат традиционалната манифестација „Матурски бал“ на која неготинските матуранти преку заедничко одигрување на танцот „квадрил“ ќе остават сопствен белег на настанот. Во пресрет на прославата на матурската вечер, во текот на утрешниот ден пред своите професори, најблиските роднини и пријатели и заинтересирани граѓани матурантите ќе танцуваат на градскиот плоштад. Манифестацијата за отворена ќе ја прогласи и пригодно обраќање до матурантите ќе има градоначалникот на општина Неготино Горан Стојанов, а честитки до матурантите ќе упати и директорот на училиштето Ѓорѓи Ристов. Активностите во среда на плоштадот ќе стартуваат од 11,30, а официјалниот дел на одигрување на квадрилот е од 12,00 часот.

Close Search Window