Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2012 година, предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Македонија 2011-2015, Агенцијата за вработување на Република Македонија на 17.01.2012  година објавува

                   ЈАВЕН ОГЛАС
               до
                 невработените лица

1.    Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се:
•    евидентирани невработени лица над 6 месеци
•    поранешни вработени лица во дејноста на енергетиката на кои работниот однос им престанал поради деловни причини
•    професионални војници на кои им престанала службата во АРМ
•    Млади лица до 27 годишна возраст
•    Корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
И кои своето вработување сакаат да го решат со финансиска поддршка преку Програма за самовработување, да се пријават во работните клубови на центрите за вработување на АВРМ каде редовно се евидентираат како невработени лица.


2.    Финансиска поддршка опфаќа исплата на неповратни средства за набавка на опрема и/или репроматеријали во висина од 185.000 денари и помош во трошоците за регистрација на фирма.
3.    Лицата од точка 1 на овој Јавен оглас кои се основачи на фирмата и финансиски ќе бидат поддржани, најмалку 4 години не можат да се евидентираат како невработени лица во АВРМ. Доколку престанат со вршење на дејноста (а со тоа престане и работниот однос) пред истекот на 1 година од датумот на регистрирање на бизнисот, или пак само престане работниот однос, а на негово место веднаш не се вработи друго лице, има обврска да врати 80% од финансиските средства искористени за набавка на опрема и/или репроматеријали во паричен износ, во период од 12 месеци.
4.    Заинтересираните невработени лица од точка 1  на овој Јавен оглас, пријави можат да поднесат најдоцна до 31.01.2012 година во работните клубови на 30-те центри за вработување во РМ.
5.    Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на договор на невработените лица со АВРМ и УНДП.

Детални информации можат да се добијат во работните клубови на 30-те Центри за вработување на Агенцијата за вработување на Република Македонија, контак центарот 02-3298-297 и веб страната www.avrm.gov.mk

                                                                  АГЕНЦИЈА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА
                                                                       РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Close Search Window