Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на Меморандумот за разбирање склучен помеѓу Општина Неготино и Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) бр. 09-199/1 од 26.05.2016 година, Градоначалникот на општина Неготино објавува

                         ЈАВЕН ПОВИК
за ангажирање на двајца администратори

    Со цел приближување на работата на општинската администрација кон граѓаните од општина Неготино, подобрување на условите за обезбедување на еднакви социјални права за ранливите групи во Општина Неготино, а воедно и можноста за стекнување на работно искуство на младите, а заради реализација на Проектот за Социјални права за ранливи групи, Општина Неготино има потреба од ангажирање на двајца администратори и тоа:

•    1 администратор со завршени општествени науки VII/1 степен или 240 кредити
•    1 администратор со завршен Филозофски факултет, социјална работа и социјална политика
Заинтересираните кандидати треба да ги достават следните документи

•    Пријава
•    CV- кратка биографија
•    Мотивациско писмо
•    Уверение за завршено образование-фотокопија
    Рокот за доставување на пријавите е 5 (пет) дена од денот на објавувањето на јавниот повик на веб страницата на Општина Неготино (не сметајќи го денот на објавувањето).
    Уредно пријавените кандидати ќе бидат известени за денот и часот за спроведување на интервјуто.
    Пријавата со потребните документи со назнака (за Јавен повик за ангажирање на администратори) да се достави директно во Архивата на Општина Неготино или на следната адреса:

Општина Неготино
Ул. Ацо Аџи Илов бр.2 Неготино
Одделение за правни и општи работи   

Close Search Window