Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Соопштенија|

Врз основа на член 115-ј од Статутот на Општина Неготино  (Службен гласник бр. 3/06, 2/2011 и 6/2011) Советот на општина на седницата одржана на ден 03.10.2011 година,  објавува

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ
НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО

 

 

1. Се покренува постапка за избор на членови на Совети на млади на општина Неготино.
Советот на млади на општина Неготино е советодавно тело на Советот на Општина Неготино, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во општина Неготино.

Во Советот на млади на општина Неготино можат да бидат бирани млади со постојано место на живеење на територијата на општина Неготино и со старосна граница од 15 до 30 години.

2. Советот на млади на општина Неготино брои 5 членови.
Советот на млади од своите редови избира претседател и заменик претседател.

Членовите на Советот на млади на општина Неготино се бираат со мандат од две години.

3. Право на предлагање на кандидати за членови во Советот на млади на општина Неготино имаат: здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и други регистрирани облици на организирање на младите.

4. При предлагањето на кандидатие се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој јавен повик:
•    СМ-1 (Образец – Предлог Кандидат за член на Советот на млади на општина Неготино)
•    СМ-2 (Образец – Согласност за прифаќање на кандидатурата за член на Советот)
•    СМ-3 (Образец – Изјава дека кандидатот за член на Советот е предложен согласно актите на институцијата)
 
Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.
–    За кандидатите номинирани од здруженија , обрасците СМ-1 и СМ-3 треба да бидат потпишани и заверени од страна на застапникот на здружението
–    За кандидатите номинирани од ученички совети, обрасците СМ-1 и СМ-3 треба да бидат потпишани и заверени од страна на директорот на училиштето
–    За кандидатите номинирани од други регистрирани облици на организирање на младите, обрасците СМ-1 и СМ-3 треба да бидат потпишани и заверени од страна на застапникот на организацијата

5.  Предлагачот е должен покрај наведените документи во точка 4 да приложи и:
•    Извод од матичната книга на родените не постар од 6 месеци или фотокопија од лична карта
•    Кратка биографија на кандидатот (curriculum vitae – CV)
•    Фотокопија од регистрацијата на здружението (за здруженија)

Кандидатите мора да ги исполнуваат следниве критериуми:
1.    Минимум 1 година искуство во организацијата од каде што доаѓа
2.    Претходно искуство во организирање и спроведување на активности за млади
3.    Учество во различни типови на неформално образование (обуки, семинари, работилници и др.)

Ненавремено доставените документи и нецелосна документација нема да се разгледува.

6. Рокот за поднесување на предлог кандидатите за членови на Советот на млади на општина Неготино е 15 дена од денот на објавувањето на овој јавен повик.

Потребните обрасци од точка 4 кои се прилог на потребната документација можат да се подигнат во општина Неготино –трети кат, кај лицата Лолита Ристова и  Слободанка Кртева.

Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на општина Неготино , со назнака „предлог кандидат за избор на членови на Советот на млади на општина Неготино “ се доставуваат на адреса:
Општина Неготино
– Комисија за мандатни прашања, избори и именувања
– Ул„Ацо Аџи Илов,,2 Неготино

СОВЕТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО
                                П р е т с е д а т е л,
                                Сашо Николов

Close Search Window