Општина Неготино

www.negotino.gov.mk 

Совет општина Неготино|

Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 ,13/20 и 3/22 ) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува 19 ( деветнаесетатта ) редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 15.11.2022 година ( вторник ) во 14:30 часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Усвојување на записник од 18 редовна седница на Совет на Општина Неготино
2. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за финансовото работење на ЈП „ КОМУНАЛЕЦ “ Неготино за периодот 01.01.2022 до 30.06.2022 година
3. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-574/4 од 14.10.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за утврдување на цените на услугите што ги врши ЈП „ Комуналец “ Неготино
4. Предлог – Решение За давање на согласност на Одлука бр. 02-338/4 од 23.06.2022 на Управниот одбор на ЈП „ Комуналец “ Неготино за висина на цена за собирање на смет за физички
5. Предлог – Решение За давање на согласност на Одлука бр. 02-338/6 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на машински и рачни работни задачи
6. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-338/3 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена за влез на оператор на гробишта и користење на ладилник
7. Предлог – Решение За давање на согласност на Одлука бр. 02-338/5 од 23.06.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена на гробни места и висина на цена за влез на гробишта на каменорезач
8. Предлог – Програма за изменување на Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на просторот на општина Неготино за 2022 година
9. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за Локален економски развој на општина Неготино за 2022 година
10. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за активностите на Општина Неготино во областа на социјалната заштита во 2022 година
11. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за култура, спорт и поддршка на здруженија и фондации во 2022 година
12. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година
13. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на општина Неготино за 2022 година ( ребаланс )
14. Предлог – Одлука за донесување на предлог Детален урбанистички план за дел од УЕ 6, дел од Блок 20 (помеѓу улиците ,, Никола Карев “, ,, Ленинова“ и ,,Климентова“ ) КО Неготино, општина Неготино
15. Предлог – Одлука за одобрување на еднократна парична помош на лицата со попреченост на подрачјето на Општина Неготино
16. Предлог – Решение за доделување на еднократна парична помош

Close Search Window